Достапни линкови

Во Турција досега 18 заразени од коронавирусот


Џамијата Али паша во Истанбул

Турција идентификуваше 12 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број е 18, што претставува најголем дневен пораст откако земјата го објави својот прв случај во минатата недела. Турската влада ги зголеми мерките за стопирање на ширењето на вирусот, затворање на училиштата и универзитетите, одржување на спортски настани без гледачи и стопирање на летовите во многу земји.

Илјадници муслимани кои се враќаат во Турција од аџилак во Саудиска Арабија во неделата беа однесени во карантин, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека од понеделник ќе бидат затворени барови и ноќни клубови за да се намали ризикот од ширење на коронавирус.

XS
SM
MD
LG