Достапни линкови

Во Британија апели да не се купува во паника


Лондон

Здружението на продавачите на мало во Британија апелира до купувачите да престанат да купуваат во паника во услови на криза со коронавирусот, наведувајќи дека тоа може да остави други без она што им е потребно.

"Ние ги разбираме вашите грижи, но купувањето повеќе отколку што е потребно понекогаш може да значи дека другите ќе останат без тоа. Има доволно за сите ако сите работиме заедно", рече Хелен Дикинсон, директорка на Здружението. Таа рече дека трговците на мало работат со владата и снабдувачите.

Масовно купување стока во услови на криза околу појавата на коронавирусот имаше и во многу други земји во текот на изминатите денови, бидејќи потрошувачите изразија стравување од потенцијален недостиг, што честопати резултираше со празни полици.

XS
SM
MD
LG