Достапни линкови

Италија се потешко се справува со заболените со коронавирус


Џузепе Конте

Иалијанските власти изразија зголемена загриженост за тоа колку долго оптоварените здравствени системи можат да се справат со појавата на коронавирус, бидејќи во изминатите 24 часа беа регистрирани илјадници нови случаи, а неколку стотици умреа. Италија останува втората најтешко погодена земја по Кина, каде најпрво се појави болеста, а избувнувањето покажа знаци на забавување.

Владата работи итно на набавка на заштитна опрема, рече премиерот Џузепе Конте, додавајќи дека максимално внимание треба да се даде на Ломбардија, северниот регион каде вирусот се појави пред три недели. „Нашиот приоритет е да ги чуваме лекарите, медицинските сестри и целиот здравствен персонал“, рече Конте.

XS
SM
MD
LG