Достапни линкови

Европа останува епицентарот на пандемијата


илустрација

Земјите ширум светот продолжија да воведуваат нови мерки во обид да ја задржат пандемијата поради Ковид-19, бидејќи бројот на инфекции достигна 162.000 на глобално ниво со повеќе од 6.000 смртни случаи. Новите бројки покажуваат дека повеќе од 75.000 пациенти ширум светот се опоравиле откако биле тестирани позитивно на новиот коронавирус.

Низ цела Европа, која неодамна беше идентификувана од Светската здравствена организација како епицентар на пандемијата што се појави во Кина во декември, многу држави ги затвораат границите и ги ограничуваат дневните движења и меѓународните патувања во обид да го запрат ширењето на смртоносниот коронавирус.

Во Соединетите Држави се прошири забраната за патувања за летови од 26 европски држави што предизвика хаос на аеродромите, вклучувајќи ги Британија и Ирска. Во Русија, на 15 март беа најавени четири нови случаи на инфекција со ковид-19, со што вкупниот број се искачи на 63. Во Централна Азија, Узбекистан го забележа својот прв случај, додека во Казахстан се пријавени три нови случаи, со што се зголеми бројот на случаи на девет.

XS
SM
MD
LG