Достапни линкови

Седумте пациенти кои денеска се тестираа се негативни на коронавирус


Министерството за здравство информира дека резултатите на седумте пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус.

Денеска се тестираа пациенти од Куманово,Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани. Тие пристигнале пред неколку дена од Швајцарија, Германија и Австрија.

Како што се наведува во соопштението од ресорното министерство тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува.

XS
SM
MD
LG