Достапни линкови

Руски и турски трупи на патролна мисија во Идлиб


Руски и турски трупи почнаа со својата прва заедничка патролна мисија долж автопатот М4 во сириската провинција Идлиб, во рамките на постигнатиот договор меѓу двајцата претседатели, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.

Мисијата во која учествуваат руската воена полиција и турските трупи ќе ја надгледува руско-турскиот центар за координација, а целта на мисијата е да обезбеди примирје и безбедно движење на цивили по автопатот.

На 5 март Путин и Ердоган се договорија да биде прогласен прекин на огнот во Идлиб и да преземат голем број други мерки за подобрување на состојбата во таа сириска провинција. Покрај тоа, двете земји се согласија да воведат заеднички патроли долж автопатот М4 во провинцијата Идлиб.

XS
SM
MD
LG