Достапни линкови

МНР испрати нота до словенечко и хрватско МНР за нови конвои


Македонското министерството за надворешни работи информира дека преку дипломатско-конзуларните претставништва во Љубљана и Загреб, се обидува да обезбеди што поскоро транзитирање преку словенечка и хрватска територија и безбедно враќање дома на сите наши превозници.

„Испративме и нота до словенечкото и хрватското МНР, со барање за што поскоро вклучување на македонските превозници (лесни возила, комбиња, автобуси и камиони) во следните планирани конвои од словенечка и хрватска страна. Во тој контекст, министерот Никола Димитров е во постојана комуникација со Министерството за надворешни работи на Словенија, кризниот штаб и амбасадорот Јазбец“, се наведува во соопштението од МНР.

Во врска со застојот на македонските автопревозници на италијанско-словенечката граница, од МНР информираат дека вчера е обезбеден конвој за одреден број македонски превозници, кои беа придружувани од словенечката полиција и транзитираа преку словенечка територија на пат кон крајната дестинација – Република Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG