Достапни линкови

Во Франција локални избори со санитарни мерки


илустрација

Со строги санитарни мерки на гласачките места, во Франција денеска се одржува првиот круг од локалните избори.Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека изборите ќе се одржат, но ги повика граѓаните и службениците на избирачките места да ги почитуваат санитарните мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во земјата.

На многу избирачки места, санитарните подготовки започнаа уштево петокот, јавуваат француските медиуми. Општините обезбедиле одредени количини на средства за дезинфекција. Пред да се отворат гласачките места, просториите, гласачките кутии, столици и маси биле дезинфицирани.

Гласачите на влезот добиваат влажни марамчиња за дезинфекција, а на нивно располагање имаат и гелови и асепсол. Многу општини имаат обезбедено нови пенкала, кои ќе се чистат по секоја употреба.

Во Франција досега се пријавени скоро 4500 заразени пациенти од коронавирусот, а 91 лице починаа.

Повеќе од 47 милиони гласачи треба да изберат повеќе од 500.000 општински советници, кои потоа би избрале свои градоначалници и претседатели на општини. Вториот круг од изборите е закажан за 22 март.

XS
SM
MD
LG