Достапни линкови

Се затвораат сезонските туристички објекти во Грција


илустрација

Од денеска, па сѐ до 30 април 2020, со одлука на министрите за развој, цивилна заштита, труд, здравство и внатрешни работи, во Грција се затвораат сите сезонски туристички објекти, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Конфедерацијата на туристички бизниси на Грција, ја поздравија одлуката на владата, а претседателот Јанис Рецос вели дека станува збор за неизбежен и правилен чекор.

Паралелно, на вчерашниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите од неговата влада, беше одлучено целосно да се прекине авио поврзувањето со Италија, за оние авиокомпании кои сѐ уште имаа летови од и кон земјата.

XS
SM
MD
LG