Достапни линкови

Владата препорача ЈО приоритетно да постапува по предметите


Јавното обвинителство итно и приоритетно да постапува по предметите што се во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот, препорака до сите работодавачи таму каде што е можно да се организира работа од дома, на затворените копнени гранични премини се дозволува исклучиво премин на товарни возила, се дел од заклучоците и препораките од 19-тата седница на Владата на Република Северна Македонија.

„Јавното обвинителство на Република Северна Македонија да даде упатства и препораки за итно и приоритетно постапување на сите јавни обвинителства во државата во постапките процесуирани од страна на надлежните институции во врска со донесените одлуки, мерки и препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија, и другите надлежни државни институции“, се вели во соопштението од Влада.


Понатаму, Владата им препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно на секое раководно лице во институциите, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работата на вработените лица преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.

Покрај овие мерки, Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки заспречување на внесување и ширење на коронавирусот, со која се затворааат сите копнени гранични премини во Република Северна Македонија за премин на патници и возила, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце. На граничните премини кои се затворени за премин на патници и возила, се дозволува исклучиво премин на товарни возила.

XS
SM
MD
LG