Достапни линкови

Италија ги затвори игралиштата и парковите


Од денеска Италија ги затвори игралиштата и парковте, како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.Градоначалниците на многу градови, вклучувајќи ги Рим и Милано решија да ги затворат јавните игралишта и парковите.

Здравствените власти се пожалија дека премногу луѓе се собираат во игралиштата или трчат во групи. Според владината одлука на почетокот од оваа недела, луѓето можеа да шетаат, трчаат или возат велосипед во парковите на растојание од еден метар едни од други. Сепак, многумина не се придржувале на мерките.

Италија има најголем број луѓе заразени со вирусот по Кина.

XS
SM
MD
LG