Достапни линкови

Путин го потпиша законот за уставни реформи


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за уставни реформи, кој ќе му овозможи да остане на власт следните 16 години. Граѓаните ќе гласаат за уставните амандмани на референдум на 22 април. Пред гласањето, амандманите ќе ги разгледа рускиот уставен суд. Рускиот парламент претходно ја одобри големата уставна реформа.

Според сегашниот закон, Путин нема да може да се кандидира за претседател во 2024 година поради ограничување на мандатот, но измените би го ресетирале бројот на мандати, дозволувајќи му на тој начинцда се кандидира за уште два шестгодишни мандат.

Реформите исто така ќе ги променат овластувањата на руската влада, ќе ја зајакнат моќта на претседателоти ќе го потенцираат приоритетот на руското право над меѓународните норми, јави агенцијата АП. Исто така, истополовиот брак би бил забранет, а „верата во Бога“ се споменува во промените како една од традиционалните вредности на Русија.

Путин е на власт од 2000 година.

XS
SM
MD
LG