Достапни линкови

Дебар и Центар Жупа празни, ситуацијата под контрола


Дебар - кризна состојба

Во општините Дебар и Центар Жупа се применува кризната состојба која ја усвои Владата, по заболените од коронавирусот, јавува нашиот дописник од Дебар.

Низ улиците има намалено движење, а излезите од општините Дебар и Центар Жупа се контролираат од страна на спацијалните сили на полицијата. Попладне се очекува да пристигнат и војници на Армијата. Нема отворени угостителски локали, ниту пак берберници и фризери.

Кризниот штаб во Дебар заседава под раководство на дебарскиот градоначаник Хекуран Дука а, на состаноците учествува и градоначалникот на Центар Жупа Арјан Ибраим.

Портпаролот на Штабот Или Мирзо изјави дека состојбата е под контрола. Според него нема проблеми за прехранбени артикли, а за сите оние кои се нашле во Дебар,а се од други општини има организирно сместување за нив. Тој исто така нагласи дека бројката на заболени од Дебар е 9 додека од Жупа 2. Над 40 се во домашна изолација.

XS
SM
MD
LG