Достапни линкови

МНР: Формирано координативно тело за помош на Македонците „заглавени“ во странски држави


Зградата на МНР, во Скопје

Во рамките на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија формирано е координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот КОВИД-19.

„Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:

+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
+38975 446 647 (редовна линија)
+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
Електронска пошта: globalsos@mfa.gov.mk “, се наведува во соопштението од МНР.

Од ова министерство апелираат врз основа на официјалните мерки и препораки,сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.

XS
SM
MD
LG