Достапни линкови

Во Манила полициски час и ноќе


претседателот на Филипини Родриго Дутерте

Филипинските власти соопштија дека полицискиот час ќе биде на силa и во текот на ноќта и дека милиони луѓе во густо населениот регион треба да ги напуштат своите домови само поради неодложна работа или за итни случаи.

Претседателот Родриго Дутерте во четвртокот најави драстични мерки за борба против вирусот, но тоа предизвика конфузија и многу прашања, па затоа денеска се објавени објаснувања и нови упатства за ограничување на движењето во Манила кои стапуваат во сила од утре.

Новите мерки вклучуваат суспензија на внатрешниот, воздушниот и морскиот превоз до и од главниот град, каде живеат повеќе од 12 милиони луѓе. Исто така, ќе бидат забранети концерти и други големи собири. Мерката за затворање на училиштето е продолжена за уште еден месец.

XS
SM
MD
LG