Достапни линкови

Мораториум на сите активности на политичките партии до 22 март


Премиерот Оливер Спасовски денеска соопшти дека разговарал со лидерите на политичките партии и дека до 22 март ќе има мораториум на сите активности имајќи ги предвид претстојните избори закажани за 12 април.

„Утрово искомуницирав со сите претседатели на партии и ме информираа дека се ставени во мораториуми сите активности на политичките партии, и тоа е добра порака дека за сите нас здравјето на грашаните и поважно од што било друго. Тоа ќе трае до 22 март,“ изјави на прес-конференција Спасовски.

Според Спасовски, најсилната порака до граѓаните во овој момент треба да ја пратат политичките субјекти.

XS
SM
MD
LG