Достапни линкови

Коронавирусот се шири низ Европа, Кина објави пад на новозаразени


илустрација

Земји низ целиот свет продолжуваат да преземаат чекори за да се обидат да го запрат ширењето на коронавирусот додека Кина, каде започна пандемијата, објави пад на нови случаи. Владата воНов Зеланд денеска објави дека сите дојдовни патници, вклучително и државјани на Нов Зеланд, ќе треба да се изолираат 14 дена. Премиерката Ардерн ги нарече новите меркикои влегуваат во сила од понеделник, едни од најтешките гранични ограничувања во светот. Во Соединетите држави, претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба, бидејќи земјата ја пријави својата 50-та жртва од избувнувањето на вирусот во САД.

Во Кина, во меѓувреме, драстично забави ширењето на КОВИД-19, соопшти Националната здравствена комисија на земјата. Во Италија, која е најтешко погодена во Европа, инфекциите се зголемија за повеќе од 2.500 случаи и смртните случаи поврзани со вирусот се искачија на 250 за едно деноноќие. Во Украина, претседателот на парламентот изјави дека земјата ќе ги прекине сите патнички летови од 17-март. Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) вчера изјави дека Европа сега е „ епицентарот на пандемијата “. Според СЗО, глобалниот број на случаи на коронавирус надмина 132.000 лица.

XS
SM
MD
LG