Достапни линкови

Од денеска контрола на влезовите во Прилеп


Прилеп

Од денеска до понеделник, сообраќајната полиција од Прилеп ќе ги контролира влезовите и протокот на патници во градот од општините Кривогаштани, Долнени, особено од општината Пласница како превенција од зараза со коронавирусот. Ова е еден од главните заклучоци по синоќешниот превентивен состанок на Регионалниот кризен штаб што се одржа во Прилеп на барање на раководителот на Центарот за управување со кризи од Прилеп, а на препорака на Републичкиот центар за да се има увид на состојбите пред понеделничниот состанок на Советот за безбедност што го свика претседателот на државава Стево Пендаровски.

По информацијата од Центарот за јавно здравје дека во општина Пласница, која е под ингеренции на прилепскиот Центар, пристигнале жители од високоризичните земји, упатен е апел да бидат во самоизолација и да се јават во Центарот.

Како превентивна мерка на состанокот е донесен заклучок овие три дена, особено што сабота е пазарен и фреквентен ден, да се контролира превентивно влезот во градот, соопшти прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

XS
SM
MD
LG