Достапни линкови

Уште четворица фудбалери на Сампдорија се заразени со Ковид-19


Маноло Габијадини.

Фудбалскиот клуб Сампдорија денеска соопшти дека уште четворица фудбалери се заразени со коронавирус, а заразен е и клупскиот лекар. Откако во четвртокот соопштија дека е заразен напаѓачот Маноло Габијадини, тестирани се и дефанзивецот Омар Коли, играчите за врска Албин Екдал и Мортен Торсби и напаѓачот Антонио Ла Гумина. Нивните резултати се позитивни на новиот вирус.

Фудбалскиот клуб во соопштението наведува дека сите се во добра состојба и се наоѓаат во своите домови во Џенова. Истото се однесува и на лекарот. Остатокот од клубот, членовите на стручниот штаб и управата на клубот се во изолација. Затворени се тренинг центарот и клупските простории, а сите спортски активности се прекинати.

XS
SM
MD
LG