Достапни линкови

Албанија ги затвора сите гранични премини и авиосообраќајот со Грција


Албанија - Медицински лица им проверуваат температура на патници од Италија.

Албанија од утре ја затвора границата со Грција, што подразбира забрана за влез и излез и преку воздушен и преку копнен пат, објави на Фејсбук премиерот Еди Рама.

„Почнувајќи од утре од 10 часот се забранува влез и излез со Грција. Значи се забранува како воздушниот, така и патниот сообраќај. Страв најмалку, внимание да“, напиша Рама.

Албанија денеска потврди 10 нови случаи на коронавирус, со што бројот достигна 33, а како што предупреди Рама се очекува бројот да се зголеми. Рама преку видео порака, исто така, предупреди дека „строгите мерки ќе бидат уште построги“.

„Мора да знаеме дека бројот ќе се зголеми, бидејќи како што ни објаснува глобалното искуство, епидемијата не е во наша моќ да ја запреме, туку само да ја успориме со мерки, нивно зајакнување“, додава Рама.

XS
SM
MD
LG