Достапни линкови

Се затвораат сите кафулиња и угостителски објекти во Грција поради коронавирусот


Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во Грција се зголеми на 190, а по препорака на експертите од Министерството за здравство, се затвораат сите трговски центри, кафулињата, баровите, сите угостителски објекти, освен оние за достава (delivery) и носење (take away), библиотеките, музеите и археолошките локалитети, спортските објекти и салоните за убавина.

Ќе работат самопослугите, пекарниците и слаткарниците кои немаат маси и столици, аптеките и приватните здравствени установи.

XS
SM
MD
LG