Достапни линкови

Забрана за влез и излез од Дебар и Цента Жупа


Илустрација: Дебар

Покрај прогласувањето на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, ќе се затворат граничниот премин Џепиште – Требиште и граничниот премин Блато, како и Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово.

Оваа одлука ја донесе Владата на денешната 18 седница на која го разгледала Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Коронавирусот COVID-19 .

Владата донела одлука жителите на Дебар и Центар Жупа, кои се надвор од територијата на овие општини, може да се вратат во своите домови до вечерва до полноќ. Забранет е влез и излез од овие општини, а се воведува посебен режим на движење на граѓаните внатре во општините.

Кризната состојба може да трае најмногу до 30 дена.

XS
SM
MD
LG