Достапни линкови

Потврдени првите два случаи на заразени од коронавирус во Косово


Кафуле во Приштина полно со гости пред откривањето на првите случаи во земјата

Косовскиот премиер Албин Курти и министерот за здравство Арбен Витиа на вонредна прес-конференција попладнево објавија дека во земјата се регистрирани првите два случаи на заразени од коронавирус во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерот Витиа информира дека станува збор за 20-годишна италијанска државјанка и 77-годишен косовски државјанин.

Премиерот Курти порача дека нема место за паника и побара од граѓаните да ги почитуваат владините мерки за превенција од заразата, посебно со водење сметка за хигиената и избегнување на места каде што има поголемо присуство на народ.

Курти најави дека за вечерва е закажана вонредна седница на Владата во врска со ситуацијата со коронавирусот, на која ќе се одлучува и за евентуалното затворање на граничните премини.

XS
SM
MD
LG