Достапни линкови

Имало обиди за планско ширење лажни вести за КОВИД-19, соопшти Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски

Службите во претседателскиот кабинет детектирале неколку обиди за организирано и планско ширење лажни вести за предизвикување паника, соопшти претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција, посветена на ситуацијата со коронавирусот и мерките што се преземаат за спречување на неговото ширење.

„Апелирам само за една работа: информирањето да биде од официјални извори. Во вакви ситуации, кога се случува епидемија на болест, има и епидемија на лажни вести кои креваат паника кај населението, при што се создава ситуации кога не им се верува на официјални, туку на алтернативни продуценти на вести. Нашите надлежни служби детектираа неколку обиди за планско ширење лажни вести за предизвикување паника. Не се работи за незнаење, туку за организирано и планско, со цел дополнително да е влоши ситуацијата и да се изгуби вербата во институциите“, рече Пендаровски.

XS
SM
MD
LG