Достапни линкови

Пендаровски: Извештајот на Стејт департментот е најдобриот до сега


Претседателот Стево Пендаровски

Извештајот на амерканскиот Стејт департмент, што беше објавен пред два дена, е „најдобриот што го добила Македонија во изминатите десет години“, рече денеска претседателот Стево Пендаровски, додавајќи дека единствена негативна забелешка е во делот на високата корупција. Како напредок тој го посочи и фактот дека оценката за постоењето цензура во медиумите не се врзува со притисок од политиката, односно власта.

Во извештајот на Стејт Департментот стои дека главни проблеми се корупцијата на високо ниво и насилството кон ЛГБТ заедницата, но се додава дека Владата презела чекори да ги идентификува, истражи, гони и казни функционерите кои сториле злоупотреби, нешто што не постоеше претходно.

Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека со последниот извештај на Стејс департментот се потврдиле нивните критики за корупција, за мешање на власта во судство и во медиуми.

XS
SM
MD
LG