Достапни линкови

Екатерини Сакеларопулу ја презема функцијата претседател на Грција


Екатерини Сакеларопулу, новата претседателка на Грција

Новоизбраната претседателка на Грција, Екатерини Сакеларопулу, денеска во парламентот ќе положи свечена заклетва, а веднаш потоа, во претседателската палата и официјално ќе ја преземе функцијата од Прокопис Павлопулос, јави МИА од Атина.

Мерките и превенцијата од коронавирусот во Грција, донесоа промени во предвидените манифестации за примо – предавањето на функцијата. Па така, на свечената заклетва во Парламентот, наместо 1000, колку што беше првично планирано, ќе бидат поканети само 100 лица, а Сакеларопулу го одложи приемот за честитки, закажан за утре.

Екатерини Сакеларопулу на 22 јануари 2020, на гласањето во Парламентот, со 261 глас, 61 повеќе од потребните 200, беше избрана за прва жена претседател на Грција.

Сакеларопулу е осми претседател на Грција.

XS
SM
MD
LG