Достапни линкови

Борисов бара вонредна состојба во Бугарија поради коронавирусот


Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека Владата ќе побара од Парламентот да прогласи вонредна состојба во државата поради ширењето на новиот коронавирус.

Во таа земја, бројот на заболени синоќа нагло се зголеми од седум на 23, а едно лице почина.

„Владата ќе побара од Парламентот да воведе вонредна состојба што ќе овозможи да се затворат училиштата, градинките и универзитетите“, рече Борисов по итната седница на кабинетот.

XS
SM
MD
LG