Достапни линкови

Заврши рокот за поднесување кандидатски листи за изборите на 12 април


Илустрација- прес конференција на ДИК

Синоќа на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените парламентарни избори на 12 април. Се очекува Државната изборна комисија (ДИК) денеска да соопшти колку коалиции и партии поднеле кандидатски листи и за колку изборни единици, како и дали и како ќе се организира гласање во дијаспората. Во однос на гласањето од странство тоа зависи од бројот на прифатени пријави и состојбата со Ковид-19.

По поднесувањето на кандидатските листи ДИК проверува дали тие се доставени во предвидениот рок и дали се составени согласно Изборниот законик. Кандидатските листи што ќе бидат доставени по рокот ќе бидат отфрлени. Доколку се констатира дека листите се во согласност со одредбите од Изборниот законик, тие се потврдуваат најдоцна 48 часа од приемот на бараната документација од институциите.

Редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче се утврдува со жрепка и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март.

Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ.

XS
SM
MD
LG