Достапни линкови

Компаниите апелираат – Не купувајте храна панично


Илустрација

Граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од корона вирусот и да не подлегнуваат на панично купување прехранбени производи, порачува Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија. Според претседателот на Здружението, Ѓорѓи Петрушев, компаниите-членки активно комуницираат меѓу себе и ги преземаат сите мерки за превенција од коронавирусот со цел безбедно производство и дистрибуција на производите и услугите, согласно насоките од Министерство за здравство.

Здружението апелира до сите компании од земјоделско-прехранбениот сектор да формираат дезобариери на влезовите за возила што превезуваат луѓе и кои дистрибуираат производи.

XS
SM
MD
LG