Достапни линкови

Координативна средба: Избори ќе има, јавните собири ќе се забранат


На координативната средба се обединивме околу тоа дека здравјето на граѓаните е најважно и сите се сложивме на почитување на мерките за заштита во новонастанатата ситуација од коронавирусот, изјави попладнево премиерот Оливер Спасовски, по средбата со лидерите на партиите во државата.

„На владина седница ќе ги разгледаме предлозите за забрана на јавни и приватни собири без оглед на бројноста на присутните граѓани, како и предлогот угостителските објекти да работат до 18 часот, а се во интерес на заштитата на граѓаните“, изјави Спасовски по средбата.

На средбата партиите се договорија и да нема одложување на парламентарните избори на 12 април, само нема да се одржуваат митинзи. На средбата воопшто не станало збор за одложувањето на изборите, туку како ќе се одржуваат предизборните активности.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата рече дека таа била од информативен карактер, биле запознаени со мерките кои се преземаат и дека ќе ја прилагоделе предизборната кампања со средби од врата до врата. И лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека не разговарале за одложување на изборите бидејќи има уште цел месец до нивното одржување.

XS
SM
MD
LG