Достапни линкови

Во Сирија убиени 26 паравоени милитанти поддржани од Иран


Илустрација

Во воздушни напади на коалициските сили предводени од САД во Ирак, во источна Сирија биле убиени 26 борци на ирачка паравоена група поддржана од Иран. Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, соопшти дека денешните напади во близина на пограничниот град Албу Камал, веројатно ги извела коалицијата. Сириските државни медиуми објавија дека во неидентификувани напади биле погодени цели во близина на градот, но само со материјална штета, пренесоа агенциите АФП и АП.

Сепак, Опсерваторијата соопшти дека биле погодени кампови на Народните мобилизациски сили, штитни сили на шиитската милиција, поддржани од Иран, а до нападите дошло поради ракетниот напад врз воената база Камп Таџи, на 30 километри од Багдад.

Коалицијата соопшти дека во тој напад биле убиени двајца американски и еден британски војник, откако била истрелана ракета „катјуша“, лансирана од камион кој подоцна бил пронајден во близина на базата.

XS
SM
MD
LG