Достапни линкови

ЕУ денеска ќе ја оцени забраната на САД за патувањата од Европа


ЕУ денеска ќе ја проценува одлуката на САД за забрана за патување од Европа наметната од американскиот претседател Доналд Трамп, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пренесе Ројтерс. Тој додава дека „економско нарушување мора да се избегне“.

Твитот на Мишел, кој ја координира акцијата на лидерите на 27-те земји членки на ЕУ, следи по одлуката на Трамп да воведе забрана за прифаќање туристи од Европа– но не и од Велика Британија што веќе не е дел од блокот – до САД за 30 дена во обид да се запре ширењето на новиот коронавирус.

„Европа презема сите потребни мерки да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, да лимитира број на заразени и поддршка за истражувачи“, напиша Мишел.

XS
SM
MD
LG