Достапни линкови

Дебар бара дополнителни мерки за коронавирусот во тој регион


Општина Дебар

Со оглед дека во дебарскиот регион има седум лица болни од коронавирусот од вкупно осум колку што ги има во земјава, Дебар не е во можност да се справи сам со оваа опасна болест и затоа бара покрај општите мерки на Владата на државно ниво, таа да донесе дополнителни мерки само за дебарскиот регион. Ова беше истакнато доцна синоќа на седницата на Советот за вонредни состојби на општина Дебар по најновите случаи на болни од коронавирусот во тој град.

„Општината ги има понудено сите свои капацитети за да се преземат дополнителни активности на единицата на јавно здравје, но оценка е дека централните институции треба да дадат многу поголема поддршка за да се справиме со оваа состојба“, нагласи градоначалникот на Дебар Хекуран Дука.

Барањето изутринава е упатено до соодветните надлежни институции во земјава за да дадат поддршка посебно во епидемиолошките мерки кои треба дополнително да се преземат во Дебар, вели Дука.

Инаку координаторот на дебарското муфтиство Решат Качалнику информира дека од денеска во џамиите нема да се одржуваат верски обреди со цел да не се шири болеста, туку обредите верниците ќе ги одржуваат во своите домови.

XS
SM
MD
LG