Достапни линкови

Прв смртен случај од коронавирусот во Грција


илустрација

Во Грција изутрината беше регистрирани првиот смртен случај од коронавирусот, откако почина 66-годишниот маж кој во изминатите денови беше критична состојба. Лицето беше дел од групата која на 27 февруари се врати од поклоничко патување во Израел и Египет. Министерството за здравство на Грција соопшти дека 66-годишниот Грк, кој претходно имал здравствено проблеми, на 2 март 2019 бил хоспитализиран, а во изминатите шест дена беше префрлен во Одделението за интензивна нега.

XS
SM
MD
LG