Достапни линкови

Косовската влада воведе вонредни мерки поради коронавирусот


Косовската Влада

Косовската Влада синоќа усвои мерки како превентива против ширењето на коронавирусот, а една од првите е прекин на наставата во основните училишта, претшколските установи, градинките и универзитетите од 12 до 27 март. Косовската министерка за образование Хикмета Бајрами изјави дека одлуката мора да се применува на територијата на цела држава и во средините, односно деловите од Косово, во кои наставата се посетува според системот за образование на Република Србија.

Сајтот наведува дека ќе се воведе и медицинска и полициска контрола врз сите граѓани кои доаѓаат од зона на епидемија и тие веднаш ќе бидат испраќани во карантин.

XS
SM
MD
LG