Достапни линкови

Во Италија во изминативе 24 часа од коронавирусот починале 196 луѓе


илустрација

Бројот на починатите од коронавирусот во Италија е зголемен за над 30 насто во последните 24 часа и покрај острите мерки за спречување на неговото ширење. Во Италија досега од овој вирус починале 827 луѓе, а бројот на заразените е над 12.462 што е за над две ипол илјади повеќе од претходниот ден. Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека во земјата ќе бидат затворени сите продавници, освен аптеките и продавниците за храна. Во Италија од пред два дена се заведени остри мерки на превенција без преседан, кои вклучуваат забрана на собирање и движење на луѓе. Од новиот коронавирус во светот досега се заразени над 118.000 лица од кои 4.292 починале. Вирусот е потврден во 114 држави, а СЗО прогласи пандемија.

XS
SM
MD
LG