Достапни линкови

Фон дер Лајен во Грција


Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, заедно со еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, денеска во Грција треба ги потврди мерките за поддршка за бегалската криза. Во минатата недела, Европската Унија се заложи да и помогне на Грција со 700 милиони евра финансиска поддршка за справување со кризата на грчко-турската границата, каде илјадници бегалци бараат азил во Европа. Мал број европски земји се заложија и да прифатат неколку малолетни бегалци без придружба. Фон дер Лајен и Јохансон ќе се сретнат со ресорните министри, како и со невладини организации и претставници на Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG