Достапни линкови

Трамп ги суспендира сите патувања од Европа за САД на 30 дена поради кризата со КОВИД-19


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиското обраќање до нацијата соопшти дека Соединетите држави ќе ги суспендираат „сите патувања“ од Европа за Соединетите држави на 30 дена во обид да се спречи ширењето на пандемијата со коронавирусот во светот. Говорејќи од Белата куќа Трамп рече дека забраната за патувања ќе почне на 13 март и оти рестрикцијата нема да се однесува на американски граѓани и на Британија. Трамп не прецизираше кои земји се вклучени во рестрикцијата, но во соопштението објавено потоа се наведува дека станува збор за 26 земји од Шенген зоната. Тој оцени дека во Европа имало многу случаи на КОВИД-19, бидејќи владите не презеле мерки какви што презема Вашингтон. Одвоено Стејт департментот им препорача на Американците да не патуваат во странство. Во САД досега има околу 1.200 заразени со вирусот, додека 37 починале.

XS
SM
MD
LG