Достапни линкови

Мицкоски: Заев ова не е филмот што го гледавте во 2016-та година


ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Филхармонија ги промовираше носителите на листите

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Македонската Филхармонија ги промовираше носителите на листите и кандидатите за пратеници за новиот парламентарен состав. Слоганот на оваа опозициската партија на парламентарните избори ќе биде „Обнова на Македонија“.

Лидерот Христијан Мицковски во својот говор истакна дека нема да биде носител во ниту една изборна единица и дека тоа го прави затоа планира да биде мандатар на новата влада а носителите и кандидатите за пратеници по изборот ќе останат во Собранието и нема да бегаат во извршната власт.

„Ако до пред 3 месеци Заев убедуваше дека ќе победел на изборите, сега на партиските состаноци ги лаже дека ќе изгуби СДСМ, ама малку, тесно, за два до три пратеника, а он ќе формирал влада. Значи почнаа со тесна победа да завршат сега пак со тесен пораз. Не би го употребил она неговото знаете познатото „мало сутра“, ама неодминливо ќе искоментирам господине Зоран Заев грешна ви е проценката. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а ова не е филмот кој што го гледавте еднашка во 2016-та година. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи влада“ рече Мицкоски во својот говор.

Пратеничките листи со нови луѓе за исти политики

Професорката Гордана Силјановска Давкова која претходно беше кандидат за претседател сега е носител на Изборна единица 1. Потпретседателот на партијата Владо Мисајловски е носител во втората, а генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, во третата, додека другиот потпретседател, Александар Николовски, во четвртата, оперскиот пејач, Игор Дурловски, во петата и актуелната пратеничка, Дафина Стојановска, во шестата изборна единица. Тие ќе им се спротивстават на носителите на листите на власта - Никола Димитров, кој е во првата, Оливер Спасовски во втората, Љупчо Николовски во третата, на Зоран Заев во четвртата, Радмила Шеќеринска во петата и на Билал Касами во шестата изборна единица.

Четврток 12 март е крајниот рок политичките партии да ги поднесат кандидатските листи до Државната изборна комисија. Изборите се закажани за 12 април, а изборната кампања почнува на 23 март.

Лидерите на политичките партии утре имаат координација во Владата со премиерот Оливер Спасовски заради состојбата со коронавирусот и евентуално одложување на големите митинзи.

XS
SM
MD
LG