Достапни линкови

Италијанска мафија препродавала заштитни маски


Италијанското обвинителство денеска соопшти дека е разбиена голема криминална мрежа на препродавачи на заштитни маски и средства за дезинфекција кои на овие производи сакале да заработат огромна сума пари. Во текот на претресот што полицијата го извела синоќа во просториите на триесетина фабрики во дваесетина општини во околината на Бари, во покраината Апулија, запленети се заштитини маски, гел за дезинфекција и влажни марамчиња во вредност од 220.000 евра, информира денеска државното обвинителство.

Криминалната мрежа планирала да ја искористи епидемијата од коронавирус во Италија од која се заразени над 10 илјади луѓе, а од кои досега починаа повеќе од 800 заразени. Првите луѓе на фабриките во кои биле извршени претресите се италијански и кинески државјани. Маските ги купувале на големи и одделно ги препакувале во проѕирни кесички.

XS
SM
MD
LG