Достапни линкови

Заев: Не гледам можност за одложување на изборите


Архивска фотографија, лидерот на СДСМ Зоран Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека не гледа можност да се одложат изборите и не е добро да се одложат изборите, тие треба да се одржат. Сите државни ресурси се подготвени, екипирани и парламентот е распуштен, веќе е подготвено се она што е претходна постапка и е завршено, вели Заев. Целта на утрешната лидерска средба, како што вели, е лидерите на поголемите политички партии да разговараат околу модалитетите на кампањата, каков вид кампања е дозволена и што е пропорачливо за да можат партиите да ги промовираат нивните програми, кандидати и визии, а при тоа да се испочитуваат сите државни задолженија и препораки за заштита од корона вирусот.

„Можеби коронавирусот ќе не стави во позиција да користиме некој поинаков вид кампања. Електронските медиуми и интернет можностите ни се на располагање. Верувам дека ќе допреме до граѓаните. Важно е да не чујат за да гласаат. Важно е граѓаните да излезат и да гласаат, бидејќи успешноста на изборите не е иста дали ќе гласаат 45 отсто или 75 отсто од граѓаните“, посочи Заев по потпишувањето договор за заеднички настап на предвремените парламентарни избори на 12 април со лидерите од партиите од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ.

Од денеска на сила се мерки за превенција од ширење на коронавирусот. Се затворија вратите на основните и средните училишта, детските градинки и високите образовни институции, потоа од утре се затвораат и библиотеките, студенстките и ученичките домови а вработените се ослободуваат од работа. Родители на деца до десетгодишна возраст се ослободуваат од работа, а исти мерки се преземени и за хронично болните.

XS
SM
MD
LG