Достапни линкови

Талибанците бараат слобода за 5000 затвореници


Талибанците го одбија предлогот на Авганистан за ослободување на 1500 затвореници, во првата фаза, согласно мировниот договор. Талибанците бараат да бидат ослободени најмалку 5.000 затвореници, јави АП.

Авганистанската Влада претходно соопшти дека постепено ќе ослободи 5.000 талибански затвореници ако има „значително” намалување на насилството во земјата.

„Помилувањето и првото ослободување на 1.500 талибански затвореници започнува в сабота и по околу 100 талибанци ќе бидат ослободени секој ден“, изјавил претставник на авганистанската Влада.

XS
SM
MD
LG