Достапни линкови

ЈСП: Од утре до 26 март нема да има бесплатно возење


ЈСП Скопје информираше дека од утре, 12 март, нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз, а времено нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно.

„Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки. Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот“, соопшти ЈСП.

XS
SM
MD
LG