Достапни линкови

Бајден го зацврстува водството за претседателски кандидат


Џо Бајден, поранешниот американски потпретседател, ја зацврсти својата лидерска позиција во трката за претседателската номинација во демократската партија, освојувајќи четири од шесте држави во кои вчера се одржаа внатрепартиски избори, пренесе Ројтерс. Врз основа на првичните делумни резултати, Бајден освои најмалку 132 од достапните 352 делегати, додека неговиот најголем ривал, сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс, доби најмалку 73 делегати. Бајден забележа клучна победа во Мичиген, каде обезбеди најмалку 46 делегати, додека Сандерс во оваа сојузна држава доби најмалку 33.

И двајцата кандидати енергично се бореа за победа во таа држава, каде Сандерс оствари изненадувачка победа над Хилари Клинтон во 2016 година. Кандидатот за ривал на Доналд Трамп треба да обезбеди најмалку 1.991 делегат во својата партија, а според последните резултати, Бајден ја води трката за номинација кај демократите.

XS
SM
MD
LG