Достапни линкови

Тачи го кани Курти на средба


Албин Курти и Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи го покани премиерот Албин Курти на средба, во еден од термините кои ќе му одговараат во текот на денешниот ден, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што објавија претпладнево косовските медиуми, Тачи му понуди на Курти да се сретнат во 10, 11, или 12 часот. Претседателот завчера ги покани на одделни средби лидерите на парламентарните партии на Албанците во Косово, со цел координација за прашањата од национален интерес, меѓутоа Курти ја одби поканата, порачувајќи дека нема интерес да се сретне со Тачи како лидер на партијата Самоопределување, туку само како премиер.

XS
SM
MD
LG