Достапни линкови

Бајден и Сандерс ги откажаа митинзите поради коронавирусот


Водечките претседателски кандидати на Демократската партија Берни Сандерс и Џо Бајден

Водечките претседателски кандидати на Демократската партија Берни Сандерс и Џо Бајден ги откажаа нивните предизборни митинзи во Охајо поради загриженоста од коронавирусот. Ова се први откажувања на митинзи во претседателската трка како резултат на коронавирусот кој брзо се шири во Соединетите држави со над 800 заразени и 28 починати. Претходно во Охајо беа регистрирани првите три случаи на коронавирус и веднаш беше прогласена вонредна состојба.

XS
SM
MD
LG