Достапни линкови

Петти случај на коронавирус во Србија


Болница во Србија. Илустрација.

Српското министерство за здравство соопшти денеска дека во земјата е регистриран петтиот случај на коронавирус. Странски државјани кои денес слетале во Ниш со авион од Бергамо биле вратени во Италија во согласност со мерките на властите, а српските државјани биле ставени под домашен надзор.

Српската Влада соопшти дека се суспендирани сите летови кон Италија од белградскиот и нишкиот аеродром и дека однела одлука да воведе привремена забрана за влез во земјата за странски државјани кои доаѓаат од области со интензивно присуство на коронавирус. Тоа се однесува на лица кои престојувале во Италија, одредени провинции на Република Кина, Јужна Кореја, Иран и делови од Швајцарија.

XS
SM
MD
LG