Достапни линкови

Чавушоглу: ЕУ да престане да ја залажува Турција


Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска и порача на ЕУ да престане да ја залажува Турција за давањето помош за мигрантите на нејзина територија. Според него, Унијата мора да преземе „искрени чекори“ за да и помогне на Турција да се избори со приливот на мигранти, како и изнаоѓање начин да се осигура враќањето на сириските бегалци во нивната татковина.

Солзавец и водени топови на грчко-турската граница

Чавушоглу додаде дека неговата земја и ЕУ ќе се обидат да направат нацрт „акциски план“ пред самитот на ЕУ закажан за 26 март. Челниците на ЕУ пред неколку дена побараа од Анкара да го почитува договорот од 2016 година. Во него Турција се согласува да го запре протокот на мигранти кон Европа во замена за шест милијарди евра помош.


XS
SM
MD
LG