Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ ги утврдува кандидатите за пратеници


Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба вечерва да ги утврди кандидатите и носителите на листите за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев претходно изјави дека листите се уште се во фаза на селекција. Тој порача и дека на нив нема да има стари и компромитирани кадри.

Последни денови за кроење на кандидатските листи

До 12 март според роковите, партиите треба да ги поднесат кандидатските листи до Државната изборна комисија. Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата официјално најавија дека листите со кандидати на пратениците за изборите ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март.

СДСМ вчера ги објави носителите на листите и кандидатите за пратеници. Владејчката партија го објави и слоганот со кој ќе настапува на изборите и тој ќе гласи: Можеме! Уште повеќе. Уште подобро!

XS
SM
MD
LG