Достапни линкови

Времено да се ослободат од работа бремените жени и хронично болните


Илустрација коронавирус

Министерството за труд и социјална политика согласно заклучоците, мерките и препораките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, им се укажува на општините, ЈП и другите правни лица основани од општините, а им се препорачува на приватниот сектор, времено да ги ослободат од работа и работни активности бремените жени и хронично болните лица.

Дополнително, на возрасните и повисокоризичните категории на граѓани со хронични болести им се препорачува да го намалат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз.

Школите и градинките затворени, Македонија-Косово без публика

Од министерството ги потврдуваат мерките на Владата дека следните 14 дена ќе биде прекинат воспитно-образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центрите за ран детски развој како и во дневните центри на територијата на Република Северна Македонија, а вработените лица во овие институции ќе бидат ослободени од работа.


XS
SM
MD
LG